|
1. Како и каде да ги нарачам производите
од ТВ ШОП?
-Овие оригинални производи, исклучиво и
ексклузивно може да се нарачаат единствено преку бесплатниот
телефонски број 0 800 11 777 или преку
e-mail:
info@tvshop.com.mk
Процедура за нарачка преку e-mail:
-При нарачка преку e-mail
:
-назначете ги производите и количините коишто сакате да ги нарачате
-оставете
Име и Презиме, Адреса и Телефонски број.
-По приемот на нарачката
ќе бидете контактирани телефонски од нашите оператори за да ја
потврдите нарачката.
2. Како да ја користам опцијата
"во кошничка"?
-Системот на електронска кошничка моментално
е во експериментална фаза и сеуште не е имплементиран на
нашата интернет страница. Очекувајте целосна имплементација
наскоро.
3. Како се испорачуваат нарачаните
производи?
-Доколку производот го имаме на залиха, ќе ви
биде доставен во рок од 2-3 работни дена од приемот на
нарачката. Во случај истиот да го немаме на залиха, нашите
оператори ќе ве известат кога производот повторно ќе биде
достапен за испорака.
-Испораката на производите се врши исклучиво и единствено преку
Македонска Пошта. Имате повеќе опции кои можете
да ги договорите со операторот и тоа:
со редовна пошта и да ја подигнете пратката во пошта, со редовна
пошта со достава на пратката до вашиот дом во определено време и
испорака до вашиот дом со брзата пошта ЕМС. Поштарината е на
товар на корисникот и се пресметува според редовниот
ценовник на ЈП "Македонска Пошта"
+3% од вредноста на пратката. Цените на македонска пошта се
ослободени од ДДВ.
4. Како може да се плаќаат нарачаните
производи?
-Плаќањето се врши преку македонска пошта при
приемот на пратката (освен при плаќање со кредитна картичка).
Постојат повеќе можности за плаќање и тоа:
во готово, со чекови на рати и со кредитна картичка
(моментално само со ВИЗА и МАСТЕР КАРД), а во блиска иднина ќе
можете и со други кредитни картички. За плаќење во готово, не е
предвиден попуст.
5. ДДВ?
-ДДВ е вклучен во цената на сите производи.
|